Македонија како под вршник – денеска е најжешкиот ден со температури над 41 степен

Жежок ден со температури и до 41 степен. Македонија како под вршник. Портокаловата фаза која ја зафати цела Македонија речиси и го испразни главниот град. Раздвижено беше само во центарот на Скопје, каде луѓето брзаа на работните места.

Изгор жешкото време освен што делумно го испразни главниот град, го зголеми бројот на колапси, мозочни и срцеви удари. Граѓаните се пожалија дека едвај дишат, па кога не се дома, приморани се да разладуваат под некоја дебела сенка со шише вода.

Многу топло со температури над 40 степени не очекуваат и наредниот период велат синоптичарите. Мало заладување со дожд очекуваат кон средина на неделава, а кон крајот на викендов, повторно најавуваат изгор време.

Од кога земјава ја зафати топлотниот бран со многу високи температури екипите на Брза помош постојано интервенираат кај граѓани кои се соочуваат со потешкотии. Од пеколните горештини треба да се пазат сите и да ги почитуваат препораките од здравствените власти. Да не се работи на отворено од 11 до 17 часот и подолго време да се престојува во климатизирани простории.

Борис Грујоски