Македонија и Косово ќе соработуваат во областа на енергетиката

Министерот за економија Крешник Бектеши ќе прими делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој Валдрин Лука.

Бектеши и Лука ќе одржат работен состанок и ќе потпишат Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор меѓу двете министерства.