Македонија испрати 100 војници на помош во Словенија
Македонски војници утрово отпатуваа во хуманитарна операција во Словенија по разорните поплави во земјата.
Врз основа на одлука на владата, 100 припадници на армијата се распоредени за да помогнат во справувањето со последиците од поплавите во согласност со барањето на Словенија за помош преку евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи на НАТО. Војниците се праќаат во времетраење од 30 дена, се наведува во соопштението од Влада.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на ГШ Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски вчера ги посетија војниците во пресрет на денешното заминување за Словенија, каде загинаа најмалку шест лица, а материјалната штета се очекува да достигне неколку милијарди евра.
КАТЕГОРИИ Uncategorized