Македонија има најскап леб во регионот

Македонија веќе достигнува рекорди по цените на лебот и на регионално балканско ниво, но тоа само ги плаши граѓаните.  Стравот, народски кажано, е  ќе се трпи за леб.  Додека во Србија цената на лебот која е замрзаната и е околу 29 денари, Македонија се приближува кон цените во Грција каде е околу 50-тина денари.

Анкета: Со толку големо зголемување на цените, значи народот ќе дојде ред и да трпи за леб, фактички мора нешто да промени во државата.

Сепак мислам дека лебот е нешто неопходно, колку и да расте цената да го купуваме, меѓутоа во секој случај поскапувањето влијание многу и се одразуваме врз стандардот на граѓаните. -Тешко е зима доаѓа не знам како ќе се надминат овие ситуации.Лебот, мора да се јаде, имаш-немаш, мораш да се снајдеш некако, да се најадеш.
Има луѓе што стварно немаат ни леб да купат како што растат цените. Ќе патат за едно парче леб
– коментираат граѓаните.

Во ситуацијата кога Македонија е зависна од увоз на пченица како суровина за производство на леб, особено е важна стратегијата на државата за долгорочно планирање и обезбедување на таквите ресурси со намера и во време на криза полесно да се помине, велат универзитетските професори.

„Државна рака“ или државна контрола треба да има на тоа бидејќи лебот е чувствителна тема  за граѓаните. Треба да се има разбере и бизнисот, меѓутоа треба и но државата треба да има влијание дали со олеснителни даноци, субвенции вели ХАРУН ТАИРИ, професор.

Според податоците на стопанските комори потребите на мелничките капацитети Македонија се околу 330 илјади тони лебно жито, а произведуме 250 илјади тони. Остатокот треба да се увезе. 

Александар Самраџиев