Македонија изгубила една третина од населението за 8 години?!

Една третина од населението си заминало од Македонија за 8 години . Ги губиме младите и високообразованите  лица, а најголемата причина е  недовербата во системот, корупцијата и политичката нестабилност.   Извештајот за миграцијата на работна сила во Западен Блакан и публикацијата на ОЕЦД за Индексот за мали и средни претпријатија од 2011-2019  покажа дека секој 4 си заминува од државава.На ова , вицепремиерот Битиќи, ја сподели со јавноста својата, како што рече –  сериозна загриженост за ситуацијата и допрва ќе се работело на стратегија, која ќе ја вратела иднината во државата.

Јас како носител на функција сум загрижен за иднината. Треба да видиме како активно да ги вклучиме, не велам да ги вратиме, да ги вклучиме за да ја креираме иднината на нашите млади генерации,  рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Битиќи признава дека од Македонија си заминуваат поради недоверба во системот и дека токму најобразованите – тие со факултетски дипломи, најмалку  веруваат во политиките на државата и ја напуштаат. Според Битиќи, работа имало ама населението не било доволно квалификувано. Според него, решение постои, преку насочување на мерките на Агенцијата за вработување, онаму, каде што има недостаток на работна сила. A од тие што бараат работа, речиси сите, ги немаат потребните знаења и вештини за отворените работни места.

Обуките од Агенцијата ќе треба да се понудат таму каде што има недостаток на работна сила,. Да не се трошат средства каде што претходно се трошеле. Новата генерација треба да ги има веештинити. Денеска штетата што е направена не може да очекуваме дека ќе се поправи. Секако треба да сфатиме дека увозот на луше за работна сила е еминентен,. И ние сме привлечна земја за некој 93,5 отсто с функционално неписмени, додаде Битиќи.

Битиќи вели дека миграцијата како глобален тренд ќе ја менува и структурата на населението. Како што македонците го барале чарето во странство, така и Македонија била интересна земја, за да се мигрира тука. Како пример ги посочи турските граѓани кои доаѓале да работат во градежништвото, и граѓаните од Пакистан и Индија кои работеле во ИТ секторот.  

Кристина Алексиеска

Advertisements