Македонија е пред предавство: Бура реакции и критики во јавноста

Стоп за велепредавството, доста со обидите за лаги и манипулации – Бура критики и негодувања во јавноста за тактиката на власта која се обидува да го продаде францускиот предлог како различен и подобар од претходниот. Академици, професори, новинари, политичари, членови на власта протестираат и обвинуваат за предавство на Македонија.

Јавноста критикува дека власта сака на брзина да го прифати катастрофалниот предлог за да му удоволи на меѓународниот фактор, а не на граѓаните кои со право се загрижени за сопствената иднина. Се брза да се прифати предлог во кој според Протоколот македонскиот јазик ќе ни стане дијалект на бугарскиот, промена на историјата, уцени и санкции за говор на омраза.

Заменикот министер за локална самоупрва, Зоран Димитриовски, побара да се објави и протоколот, а не само преговрачката рамка и заклучоците на советот на ЕУ, за да е јасно на што се обврзува Македонија. „За граѓаните, експертите и политичките партии да можат да донесат информирана одлука за Францускиот предлог, не е доволно што владата ги објавила трите документи“ – Напиша заменик министерот.

Академик Катица Ќулафкова тврди дека преку францускиот предлог, Бугарија манифеситра територијални аспирации кон нас и ни го негира правото на државотворност и сувереност. Македонија е пред предавство, алармира Ќулафкова.

Новинарката и долгогодишен уредник, Емилија Лазаревска, го праша министерот Османи дали ако станувало збор за албанскиот јазик, исто вака ќе го бранеше францускиот предлог. „Не мора да ми одговори. Знам, НЕ. Затоа Османи, аман, немој не не брани.“ – напиша таа.

Поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска се мобилизира за протести. Вели, „излегувам да го изразам својот протест кон оваа лакрдија која го повредува моето лично граѓанско право на самосвест за националната припадност, посебност, мојот мајчин јазик и историјата на мојот народ, со која се гордеам. Свесно, заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив до крај“ – Напиша Бендевска.

Режисерот Владимир Милчин, поранешен директор на Сорос во Македонија, вели дека она што го стокмил Макрон е понижувачко и неприфатливо.

Мирјана Најчевска напиша дека со предлогот не правеле будали при здрав мозок. Бура реакции има и од експерти од граѓанскиот сектор кој требаше да буиде дел од консултациите на власта околу францускиот предлог. Како тие се изведоа јавноста, стана сведок уште синоќа кога се објавија фотографии од состанокот на кој присуствуваат само одбрани претставници на граѓанскиот сектор, кои редовно се присутни во јавноста со ставови на поддршка на владините политики.

За ова предупредува и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креиерање политики која јавно прашува по кој критериум бил избран невладиниот сектор за консултации?
Какви се тие консуилтации е каква е таа демократија со култура на исклуѕчување? , прашува Ристеска во најзината објава на социјалните мрежи.

Никола Цветкоски