Македонија е во групата земји која до крајот на векот ќе изгуби до 50% од населението

Македонија ќе изгуби половина од населението до крајот на овој век ,  предвидува извештајот на Обединетите нации за 2022 година насловен „Перспеткиви на светското население“.

Ова не е никакво изненадување за граѓаните. Речиси и да нема човек на кој најблиските не му се отселиле во потрага по подобра егзистенција, велат, доцна е сега да се преземе нешто- ова е тренд кој трае со години и не очекувааат дека ќе се намали.

Согледувањата од Извештајот не се изненадување ниту за експертите. Предвидувањата на дел од нив се дека ќе ни се случи доселување  на сосема други граѓани од држави посиромашни од Македонија. Државна стратегија за спречување на иселувањето не гледаат.

Нема работна сила, економијата е во криза.  Кога велиме губење на население се мисли пред се на лицата кои се тука родени.Таа драматика треба во таа  смисла да ја насочиме Тоа е дел од вкупниот развој на македонското општество кое со тие проблеми се соочува, невработеноста, феноменот на високотo образование. Mакедонија произведува високо образовни кадри кои си заминуваат од Македонија.  Еден високо образован кадар на нашите факултети ја чини Македонија 40-50000 евра. Главно од Макeдонија се иселува квалификувана работна сила. Се работи парциално но многу малку за да запре процесот, проблемот е многу комплексен, вели Професор Илија Ацевски.

Прогнозите на експертите дека населението најверојатно ќе ја менува структурата и ќе го изгубиме високо-квалитетниот кадар се должи на големата сиромаштија и лошите политики. Сиромаштијата и високото ниво на невработеност во Македонија се посочени во извештајот на ОН како параметри за губењето на населението.

Кристина Алексиеска