Македонија е бугарска: Нови бугарски провокации среде Скопје, за Џамбаски Алфа била српска телевизија

Со пораки дека Македонија е бугарска, со возвишување на Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, со повици дека Делчев, Сандаски, Груев биле Бугари, во Скопје се оддаде почит за Мара Бунева.

Во организација на ВМРО-БНД околу 100-тина граѓани среде центарот на главниот град испратија порака дека Македонија и Бугарија биле едно. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски пред црквата Свети Димитрија ни кажа дека бугарското раѓање почнало од Македонија.

-Од тука почнува бугарското раѓање, бугарските премиери се родени во Македонија, бугарските воени началници се од Охрид, тие кои што оделе по војните се од Охрид, од Ресен, од Скопје, како еден Дрангов го имате, луѓе родени во Македонија, тие се родени тука и се определени како Бугари, тоа не можете да го одречете, тоа ниту една пропаганда не може да го одрече, изјави Џамбаски.

На Џамбаски му пречеше екипата на Алфа телевизија, сме биле Срби, кои ширеле србоманија во Македонија. Запрашан која е неговата тежина кога не може ниту во бугарскиот Парламент да влезе, одговори со прашање: Каква држава била Македонија.

-Со цел да дадам интервју за убава српска телевизија како вашата. Вие не сте ли Алфа? Вие сре просрпска телевизија. (Господине Џамбаски на кој основ вие тврдите дека сум Србин?) На моето лично убедување и на тоа што ми го кажуваат луѓето кои ја гледаат вашата телевизија Алфа, тие кажуваат дека таа е српската телевизија во Македонија. Јас верувам на нивното мислење и им верувам на тие луѓе. (Кажете ми господине Џамбаски која е вашата тежина кога вие како партија и како човек не можете во Парламент да влезете во Бугарија, а не па друго?) А каква вие држава сте?, праша Џамбаски.

Најголем дел од присутните дојдоа од Бугарија, но имаше и дел од Скопје. Сите се на ставот дека Мара Бунева била бугарски национален херој. Дел не можеа да кажат за што се борела, а дел и не знаеа кога се родила.

-(Која година е родена Мара Бунева?) 1904-тата мислам и втора, кажа еден граѓанин.

Мара Бунева е заслужна бугарска херојка, која што по налог на Иван Михајлов го убила. Владимир Прељиќ. Мара Бунева, Гоце Делчев, Иван Михајлов се Бугари кои се изјасниле како такви, кажа друг граѓанин. 

(За што се борела?)…. да добро прашање, се збуни еден од присутните.

Во Скопје дојде и Костадин Костадинов, бугарскиот пратеник кој цело време тврди дека Македонија и Бугарија се едно, но сега не беше расположен да зборува пред медиумите.

-Само да завршам почекајте, кажа Костадинов.

Ова е само една од серијата провокации од бугарска страна. Претходно беа отворени и бугарските културни клубови именувани по докажани соработници на фашистичскиот режим како Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, а при отворањето на бугарскиот културен центар во Скопје ни подарија икона од Свети Климент Охридски, порачувајќи дека бил заеднички светец на Македонија и Бугарија.

Матеја Петровски

Advertisements