Македонија дефинитивно тоне длабоко во политичка криза, единствен излез се предвремени избори

Натепаниот самосвенсен Бугарин од Охрид, воената реторика како одговор од Софија, неможноста да се обезбеди дво-третинско мнозинство во Собранието за вметнување на Бугарите во уставот како услов за преговори со Евроспката Унија, распаѓањето на ДУИ во фракции со што се загрузува и онака тенкото владеачко мнозинство, полу-тајната средба Ахмети-Заев, притисокот Алтерантива да влезе во влада за да го спаси Ковачевски и како капак солирањето на Пендаровски. Македонија длабоко тоне во сериозна политичка криза.

Експертите и аналитичарите согласни. Политичката криза е непрекината и во континуитет. А сега само добива на интензитет.

  • „Македонија уште од 2017 година, практично до денес се наоѓа во ситуација на една перманентна политичка криза. Таа политичка криза дополнително катализираше во 2020та година кога како резултат на парламентарните избори, слабото парламентарно мнозинство истата дополнително се разви и се манифестира во блокирано Собрание кое не е во можност целосно да ги реализира политиките на владата, а со самото тоа, таквата ситуација се прелева и во општеството.“ – Смета проф. д-р. Александар Спасеновски.

Тој додава дека незавидната политичка состојба само ќе се пролонгира, се до моментот на избори за ново парламентарно мнозинство. На иста линија е и професорот Божиновски. Тој вели дека политичката криза никогаш не запрела, само го менува интензитетот. Смета дека легитимитетот на власта е изгубен бидејќи веќе нема поддршка од елкторатот, а единственото решение се изборите.

  • „Власта нема ни блиски до двотретинско мнозинство, од друга страна гледаме дека има турбуленции во самата владеачка коалиција и повотрно како што беше случајот со Алтернатива и сега власта се обидува да направи еден бајпас со вклучување на нов партнер во владата, со што само ќе ги искомплицира и така комплицираните меѓу коалициски, меѓу партиски односи. Мислам дека времето за предвремни избори е веќе одамна изминато. Ние не можеме да говориме дали се потребни, прашањето е кога ќе бидат.“ – Смета проф. д-р. Владимир Божиновски.

Власта целосно ги загуби конците и сериозно стравува за својот опстанок. По се изгледа внатрепарискиот судир во ДУИ е посериозен од тоа што сака Ахмети да признае, па затоа мораше да оди до Струмица да се види со Заев. Крајот на СДСМ го гледа веројатно и претседателот Пендаровски, кој спротивно на политиката на владата и под силен притисок од јавноста која бара поцврст став кон Бугарија за да се спаси и тоа малку што остана од Македонија.

Никола Цветкоски

Advertisements