Македонецот кој дизајнира за Мерцедес: Институциите со „северна“ да не го користат моето име и дело

Maкедонскиот дизајнер на автомобили Славче Таневски, кој пред неколку дена на саемот за автомобили во Женева, Швајцарија, го претстави своето врвно дело, Мерцедес Бенц CLA Shooting Brake, ги замоли сите државни институции да не го поврзуваат неговото име со Северна Македонија.

Славче Таневски, дизајнер на екстериер во автомобилскиот гигант „Мерцедес“, од владините институции што во името ја содржат додавката „северна“ побара да не ги користат неговото име и дело.

„Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат ‘северна’ (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели. Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно!

Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример! Споделете!“, порача Таневски преку својот профил на Фејсбук.

Во прилог на овој статус оди и принт скрин од неговото обраќање до Агенција за иселеништво.

Здраво, овде Славче Таневски. Ќе ве замолам да ги отстраните сите постови кои се однесуваат на мене и на мојата кариера од вашата Фејсбук/како и веб-страница. Не сакам моето име да се поврзува на никаков начин со терминот СЕВЕРНА Македонија. Благодарам однапред!, е содржината на пораката од Таневски, пренесува Република.

Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат “северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој…

Publiée par Slavche Tanevski sur Lundi 11 mars 2019