Маж убиен во скопско Рашче (ФОТО+ВИДЕО)

bty

69 годишен маж денеска е убиен во скопското село Рашче. Убиството се случило на сред село, а според неофицијалните информации во мажот чиј идентитет се уште не го откриваат истражните органи било пукано од бел џип со бугарски регистарски таблички.

Обвинителството  во селото вршеше увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција. Се уште нема информации за евентуален мотив за убиството, а се шпекулира дека станува збор за крвна одмазда.

ФОТО+ВИДЕО: Алфа