Маж сакал да го убие Тарант, осомничен за масакрот во Красјтчрч

Непознат маж се заканил дека ќе го убие осомничениот за масовното убиство во Нов Зеланд, 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, пред да се појави на суд.

Напаѓачот бил запрен во обидот да влезе во судот. Тој носел нож и рекол дека сака да го убие Тарант, објави весникот Њу Зеланд хералд.

Властите соопштија дека добиле копии од т.н. манифест на напаѓачот. Тарант уби 49 луѓе во напад во две џамии во градот Крајстчрч и рани уште 20 лица.

МИА