Маж пукал во трамвај во Утрехт, има повеќемина повредени

Полицијата од Утрехт на својот твитер објави дека утринава во 10:45 часот имало пукање кон трамвај во холандскиот град.

„Има повеќемина повредени, а реонот е затворен од полицијата која го истражува случајот“, се вели во кратката информација.

Засега нема сознанија за жртви во овој напад, за идентитетот на напаѓачот, ниту за неговите мотиви. Од полицијата потврдија дека напаѓачот е во бегство во моментов, како и дека се истражува можноста дали се работи за терористички напад или не.

Повеќе информации наскоро.