Мадуро: Венецуела очекува испорака на руска хуманитарна помош

Венецуела очекува наскоро да стигне испорака на руска хуманитарна помош, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Тој рече дека првата хуманитарна помош, мерена во тони, пред две недели стигнала во земјата.

Наскоро очекуваме уште една испорака со лекови. Пченицата што ја користиме за правење леб доаѓа од Русија“, изјави Мадуро за рускиот Канал 1.

МИА