Мадуро: Абрамс ако сака состанок нека каже, ќе дојдам

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако откри дека министерот за надворешни работи Хорхе Ареаца тајно се среќавал со американски претставници во Њујорк.

Според неименуван венецуелски претставник, последниот од двата состанока на Ареаца со американски претставници се одржал на 11 февруари, четири дена откако специјалниот претставник на САД, Елиот Абрамс изјави дека „времето за дијалог со Мадуро одамна поминало“.

Според Мадуро, венецуелскиот министер за надворешни работи го поканил Абрамс да ја посети Венецуела „приватно, јавно или тајно“.

– Ако сака состанок, само нека ми каже кога и каде и ќе бидам таму, рече Мадуро.

САД засега не ги коментираат изјавите на Мадуро.

Венецуела е во политички хаос откако Мадуро не сака да ја напушти власта, а поголемиот дел од меѓународната заедница за легитимен претставник на Венецуела го признаваат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.