Мадрид и Лондон потпишаа четири меморандуми за Гибралтар

Шпанија и Велика Британија потпишаа меѓусебна согласност околу прашањето за Гибралтар, изјави вчера шпанскиот министер за надворешни работи Жозел Борел.

– Потпишани се четири меморандуми за тутунските производи и други продукти, за правата на граѓаните, за животната средина и за полициска и погранична соработка, напиша Борел на Твитер.

Според него, постои согласност и за меѓународен договор за даночно олеснување и заштита на финансиските интереси, за што „ќе се започне процедура за негово парламентарно одобрување“.

Статутот на Гибралтар е едно од главните прашања, кое се уште не е уредено при преговорите за Брегзит.