Мадона ќе настапи на Евровизија- ќе заработи вистинско богатство

Познатата американска поп-пејачка Мадона ќе настапи на фестивалот Песна на Евровизија во Израел за хонорар од милион долари.

Трошокот го презеде милијардерот Силван Адамс. Тој се реши на овој чекор по преговорите со Израелската телевизиска корпорација која му предложи да биде партнер во проектот.

Мадона во 2015 година беше прогласена за „најкомерцијализирана пејачка“, а нејзиното име се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди.