Магла кај Буково, сообраќајот тековно по влажни коловози

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково, информира диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот