Луѓето кои немаат проблеми со срцето не смеат да го конзумираат овој лек, еве и зошто…

Резултатите од новата студија ја негираат важноста на превентивното земање на лекови за прочистување на крвта. Лек кај здравите не штити од појава на тромби, и го зголемува ризикот од внатрешно крварење.

Иако на постарите генерално им се препорачува, дури и кога се во добра здравствена состојба, превентивно да се зема аспирин, како заштита против формирање на тромб во крвта и срцеви заболувања, новите истражувања покажуваат дека постарите треба да не ја применуваат оваа препорака на лекарите.

Истражувањето спроведено во САД и Австралија на  19.114 здрави луѓе со над 70 години без претходни проблеми со срцето, покажа дека земањето на овој лек, не е од корист за овие здрави луѓе во оваа возрасна група, баш напротив докажано е дека  го зголемува ризикот од потенцијално фатално внатрешно крварење.

Научниците по овие наоди сугерираат дека старите луѓе со добро здравје не треба да земаат аспирин секој ден.

“Поголемиот дел од истражувањето за функционирањето на” аспиринот “е спроведено на луѓе на средна возраст, и во него има  многу  докази дека ризикот се зголемува, како што старееме”, велат за БиБиСи научници кои работеле на ова студија.

Во текот на нивното истражување  испитаниците конзумирале по една доза секој ден во рок од пет години. Три извештаи објавени во престижни медицински журнал „Нова Англија“ покажа дека овој лек не го намалува ризикот од срцеви заболувањ и покрај тоа што  има и корисни ефекти врз здравјето на луѓето. Сепак, беше откриено дека го зголемува бројот на потешки стомачни чирови.

“Ова значи дека милиони здрави постари луѓе од целиот свет кои пијат аспирин во ниски дози без медицински причини најверојатно тоа го прават беспотребно, бидејќи истражувањето го покажа целокупниот ефект врз здравјето кои ќе го амортизираат ризикот од крварење”, вели професорот Џон Мејкнејл.

Професор Питер Ротвел, на Универзитетот во Оксфорд, водечки експерт за лекови, смета дека резултатите доведоа до јасен заклучок:

“Ако имате повеќе од 70 години, ако сте здрави и претходно не сте имал проблеми со срцето, земање на аспирин, всушност, нема да ви помогне. Затоа не се препорачува да се конзумира аспирин,  доколку не постои специфична медицинска индикација “, велат стручните лица.

Резултатите не се однесуваат на луѓето кои по преживеан срцев или мозочен удар се принудени да го пијаат овој лек и тие се уште ќе треба да продолжат да го следат советот  од матичниот лекар, се со цел да го намалуват ризикот од нови напади, напоменуваат стручњаците.

Исто така тие што веќе долго време го конзумираат  аспиринот, не треба одеднаш да прекинат, бидејќи тоа може да предизвика проблеми”, на крај додава професор Ротвел.