Луѓето истрчаа надвор – силен земјотрес во Турција

Повторно се стресе Турција. 

Силен земјотрес од 5.5 степени според Рихтер попладнево ја погоди Турција. Земјотресот е со епицентар на 11 километри југозападно од Малатија.  Потресот бил на длабочина од 1 километар. Луѓе излегоа на улиците. Инаку, претходно,  земјотрес со јачина од 4.8 степени кој го стресе Кипар, го почувствуваа и жители на Турција. Во февруари годинава над 50.000 луѓе загинаа во земјотресите во Турција.

Advertisements