Лошото однесување го чинеше скапо: Барса со висока казна за Дембеле

Вториот најскап трансфер во историјата на Барселона, Усман Дембеле ќе биде казнет со 200.000 евра поради својот однос на работниот процес, потврди „Марка“.

Французинот се наоѓа во одлична форма и бележи гол по гол, откако речиси секој е исклучително спектакуларен. Тој сепак страда од проблеми со дисциплината и веќе неколку пати му се случи да доцни за тренинзите на тимот. Минатата недела тој задоцни цели два часа. Пред неколку недели пак, го пропушти тренингот поради болки во стомакот, без да го информира клубот. Усман не можел да биде пронајден час и половина, предизвикувајќи паника меѓу шефовите.

Токму поради одличната форма, младиот Французин добива поддршка на тренерот Ернесто Валверде. Дембеле веќе се извини за грешките и вети пред сите фудбалери и тренери, дека тоа нема да се повтори.

Солидната финансиска санкција исто така може да дејствува како поттик, бидејќи износот не е мал, дури и за толку млад милионер како него.

– Тој е важен за нас. Секој може да дозволи грешки. Никој немал проблеми со Дембеле во соблекувалната. Тој игра силно и ќе станува уште подобар. Ние сме среќни со него, увери бекот Жорди Алба.

Видливо Французинот ја има поддршката на лидерот на тимот, Лионел Меси. За време на натпреварите може да се забележи дека тој чувствува задоволство од играта со Дембеле. А зборот на Аргентинецот на „Камп Ноу“ дефинитивно има најголема тежина.