Лоши вести од Родос, страотни слики на социјалните мрежи: Внимавајте каде одите во Грција, пожари беснеат

Пожарот што во вторникот попладне избувна на Родос е надвор од контрола!

  Пожарникарите цела ноќ се обидувале да го изгаснат, но пожарот уште повеќе се разгорел.

Гори најубавиот дел од островот, полн со чемпрес и борова густа шума, диви животни чие единствено живеалиште е ова!

Шумата има бајковита убавина, историска и егзистенцијална важност за целиот остров, (Плука Родос)

Вчера наутро во гаснењето на пожарот учествуваа и воздушни средства.

Пожарот избувнал меѓу селата Аполон и Лаерма вон контрола и се движи кон селото Лаерма.

Неколку села во централниот дел на Родос беа евакуирани, а беше соопштено дека има доцнење во гаснењето на пожарот бидејќи 3 воздушни средства се повлекле да наполнат гориво.

Над 120 пожарникари, волонтери и граѓани, 3 водени млазови и 3 хеликоптери работат на гаснење на пожарот.

Дува западен ветер со јачина од 3-4 степени.

Можно е два авиони од Крит да бидат распоредени за да им помогнат на противпожарните сили на островот Родос.

Во моментов Родос е полн со туристи од целиот свет, на островот владее страв, неизвесност, паника.

Луѓето се збунети и исплашени.

Пожарите во Грција веќе четврти ден се шират на повеќе фронтови и како што стојат работите нема изгледи да се стават под контрола.

Има многу Срби низ цела Грција и личен апел: Ни треба помош!!!“ се вели во постот објавен на групата на фејсбук

Advertisements