Лоцирани остатоците од цесната што се урна кај Солунска Глава (ВИДЕО)

Mинистерството за внатрешни работи информира дека четворицата патници од авионот, што вчера полета од Охрид за Софија, а се урна во близина на Солунска Глава, се починати.

Припадниците на МВР, вчера околу 19 часот, ги лоцираа остатоците од авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска Глава.

Во несреќата загинаа Г. А. Б. (1970 год.), К. Ц. К. Б. (1972 год.), Г. Г. Б. (2005 год.) и Б. Г. Б. (2000 год.), сите од Република Бугарија.

Министерството за внатрешни работи изразува сочувство до роднините на починатите и до сите граѓани на Република Бугарија. Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител.