Лончињата се измешаа – Османи им сугерира на пратениците, Лога вика обвинители на рапорт

Министерот за правда ги вика на рапорт обвинителите, а министерот за надворешни со писмо им сугерира на пратениците како да гласаат. Има ли Македонија вистинска поделба на власта? Министрите Кренар Лога и Бујар Османи ги измешаа лончињата кој е од законодавна, кој од извршна, а кој од судска власт и кој кому му е подреден. А поделбата на властите е една од темелните вредности на уставниот поредок. Во член 8 од Уставот стои дека поделбата на државната власт е на извршна, законодавна и судска.
Но министерот Бујар Османи заборави дека тој е избран од страна на пратениците, па им напиша писмо како да гласаат за подобра и европска Македонија во пресрет на седницата за уставните измени.
Во Уставот прецизно стои, Владата, а и министрите одговараат пред Собранието, а не обратно како што мисли Османи.
Член 92 од Уставот на Македонија
Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието. Собранието може да изгласа недоверба на Владата
Лога иако е министер и дел од извршната власт, тој како да е обвинител ги викна државниот обвинител Јовевски и првиот човек на организиран киминал Абази да разгораварат за истрагата во модуларната болница во Тетово. Иако во Уставот јасно стои за работата на обвинителите.
Член 106 од Уставот на МАкеоднија
Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.
Речиси секој извештај на меѓународните организации и на невладините, нотира дека извршната власт става рака врз судската, а Собранието не ја врши функцијата на контролор на Владата, туку на послушник.
Паула Костадиноска