Локлин и Хафман им давале мито на универзитетите, па сега се соочуваат со тужба во вредност од 500 милијарди долари

Глумиците кои се во центар на скандалот околу запишувањето на децата во елити факултети со врски, сега се соочуваат со тужба во вредност од 500 милијарди долари.

Лори Локлин и Фелисити Хафман платиле илјадници долари за нивните деца со просечен успех да се запишат на елитен колеџ во Америка. Тоа значи дека другите деца кои имале подобар успех и повеќе амбиции биле исфрлени од списокот за холивудските ќерки да можат да студираат.

Една од мајките на тие деца на која ѝ е направена таа неправда бара 500 милијарди долари отштета. Тужбата е поднесена во Врховниот суд на Сан Франциско, поради завера, проневера и наносување на емотивна штета.

“Синот го воспитував да учи, да се бори за себе и да биде амбициозен. И покрај одличниот успех по завршувањето на гимназија, не е примен на факултетот на кој аплицираше, а за кој ќе се покаже дека бил на мета на богаташи кои со помош на завера и пари ги уфрлија децата на таа листа. Мојот единец син е одбиен, не поради тоа што не учел доволно, туку поради моќни луѓе кои сметале дека е во ред да лажат и подмитуваат. Поради нивните противзаконски, одвратни дела моето дете остана без шанси да се школува на добар факултет”, се наведува во тужбата на Џенифер Кај Тој.

Хафман платила 15.000 долари за нејзината ќерка да има подобри резултати на завршниот испит. Локлин, платила пола милион долари за нејзината ќерка, која никогаш не се занимавала со спорт да биде примена на Универзитетот во Јужна Калифорнија како спортска стипендистка.

Ќерката на Локлин инаку е Инстаграм инфлуенсерка и пред уписот на факултет во едно интервју рекла дека “не го забележала средното училиште” од постојаните забави, и дека се радува тоа што ќе оди на колеџ само поради забавите, а не часовите кои ќе се обиде да ги избегне.