Локални избори во Охрид, пет кандидати во трка за градоначалник

Петте кандидати за иден гратски татко на Охрид: Стевче Стевоски од партијата Демократи, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Митре Милошески од ВМРО ДПМНЕ, Џемаил Мена од БЕСА и Константин Георгиески од СДСМ се обрзаа дека изборната трка ќе ја водат фер.

Кандидатот од редовите на ВМРО ДПМНЕ,смета дека Владата треба да обезбеди фер и достоинствени услови во текот на кампањата и изборите.

Џемаил Мена од БЕСА кусо изјави дека,во изборната трка влегува оптимистички .

-Одговорноста за фер кампања и избори е на сите учесници во демократскиот процес истакна кандидатот на СДСМ.

По само година и половина од минатите локални избори, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, на 21 април заедно со претседателските избори, охриѓани ќе гласаат за идниот градоначалник.

Росица Голабоска