НАЈНОВИ ВЕСТИ

Локалниот шериф Рамиз Мерко: Од навидум харизматичен и хумористичен градоначалник до црната листа на САД

-Овде е мрак и мрак угрева, црна магла земја покрива, поетски велеше Мерко.

Од политичките височини до коруптивниот мрак. Рамиз Мерко, од навидум харизматичен и хумористичен градоначалник на својата Струга, до лице на црната листа на Соединетите Американски Држави. За самоволието, сомнежите за криминал и уживањето во лукзусот од страна на Мерко се знае одамна, но властите до пред некој ден беа слепи на сите предупредувања, па дури и кога се фалеше со својот луксузен и скап автомобил, купен со државни пари.

-Видиш колку е убаво, али како јас ќе дојдев вечерва тука кај вас ако немав возило. Не е срамота градоначалник да седи по патишта? Затоа што Шкодата ќе оди со помала брзина и не е тоа тоа. Сакав да земам и Ауди А8, али ај реков да не испадне дека многу многу…, кажа Мерко.

Струшкиот шеф мува не го лазеше ниту за дивоградбите, поради кои Охридското езеро се најде под закана да го загуби својот статус во УНЕСКО.

-Се ќе му дадеме, ние сакаме да градиме, не да рушиме. Ние ќе му кажеме да доградиме уште, не да рушат. Овие работи вас и на овие многу невладини, кои ги имате вие во Охрид, напаѓаат на Струга, што ние за тоа баш не брига, кажа Мерко.

На оваа тема Мерко си ја покажа и својата ароганција кон новинарите, новинар на Алфа беше неписмен за него, а друг пратен од политичка партија.

-Слушај сега, абе слушај сега ти викаш едно, јас велам друго,овде нема дивоградби.Ако оштината не знае што гледа,и државен завод за ревизија имаше извештај во кој што стои дека иамте над 2.000 дивоградби и тие не знаат што прават? Пак шпрекулирате.Официјален извештај градоначалник од Државен завод за ревизија! Ама ти пак шпекулираш.Писмена сум знам да читам !Не си, и порача Мерко на новинарката на Алфа.

-Знам дека и ти си Алијанса и твоето прашање не оди тука, му порача Мерко на еден новинар.

Во своето дејствување Мерко имаше поддршка и од највисоки политичи чинители од централната власт.

-Владата ќе реагира како ние ќе кажеме… да, јасно порача Мерко.

Еден од примерите е првиот вицепремиер и негов сопартиец Артан Груби.

-Нема воопшто протисок од граѓаните затоа што граѓаните пребисцитарно се определија да го изгласаат Рамиз Мерко за градоначалник на општина Струга и впрочем пензионирајќи го еден лидер на политичка партија засекогаш во неговото родни место, рече Артан Груби.

Да се гласа за Мерко гласно повикуваше и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

-Да излеме гордо и достоинствено на изборите и да гласаме за живот за сите во Струга, да гласаме за Рамиз Мерко, да гласаме за бројот три, порачуваше Заев.

Дека за дејствијата на Мерко се знае од поодамна знаат сите, а предупредуваа и од Антикорупциска, но правосудните органи и власта како да не сакаат да слушаат.

-Со оглед на нашето истражување, судиите и обвинителите не само што се под влијание на извршната власт, туку се и под влијание на претседателите на судовите. Чудно е што кога некој однадвор ќе го каже тоа се брануваат институциите, кога ние ќе кажеме нема реакции, вели Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Инаку, новонастанатата ситуација ја отвори и устата на Обвинителството. Во моментов имало 6 активни предмети, но имало и такви кои биле затворени, па сега ќе ги проверуваат законитоста и ажурноста во постапувањата. Од 6-те отворени предмети против Мерко, три се започнати годинава, по еден во 2022 и 2019 година, а најстариот отворен предмет датира од 2015 година. Најновиот предмет, кој е во предистрага, е примен во струшкото обвинителство на 19 мај и се уште е во предистрага.

Матеја Петровски