Локалната власт во Охрид сама не може да се справи со обврските кон УНЕСКО

Статусот на Охрид под капата на Унеско виси, не гази времето за исполнување на препораките кои треба да ги реализираат во најголем дел интитуциите на централно ниво како и општината. Градоначалникот Пецаков отворено,вели проектите кои треба да ги спроведе градот Охрид се изготвени, но требаат пари.Презадолжената општина која ја затекнав удавена во долгови ни оддалеку нема пари сама да сервисира се’ што бара Унеско.

– „Ако го тргнеме отстранувањето на депонијата Буково,висината на проектите е околу 14 милиони евра.Додуше сега е намален долгот но заедно со тековните обрски сигурно се 12 или 13 милиони евра само долгот, а годишен буџет на општина Охрид е околу 10 милиони евра,немаме можност ние сами да го завршиме тоа. Преку странски донации и разни грантови општина Охрид прави напори да стигне до потребните пари за релизација на проектите кои од нас ги бара Унеско„ – вели Пецаков.

Но,кога сме кај депонијата Буково која претставува еколошка бомба и е една од главните препораки на Унеско,требаше да биде затворена до крајот на 2020-та година. Планот за изградба на регионалната депонија во Новаци, кој го тера министерството за животна средина, е во застој.

– „Преку министерството за животна средина треба да се земе еден грант каде што ќе биде формирано регионално претпријатие,во моментов беше закочено заради локацијата која што е одбрана во општина Новаци. Си има општината некои побарања за да биде завршено формирањето на таа регионална депонија, бараат изградба на пат од страна на државата.“ – Истакна Пецаков.

Факт е дека забрзување на процесот на рушење на дивоградбите е приоритет на Унеско,но за да стигнеме го нелегалните градби прво треба да се формира регистар,потоа транспорт и врски конечно да го заврши планот за управување со Охридско крајбрежје кој е од суштинска важност, а требаше да биде готов до крај на 2021-ва,појаснува Пецаков кој барем кога станува збор за Унеско, имам вели соработка со институциите на централно ниво.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

Advertisements