Лозово повторно на удар – За една недела три невремиња

Невремето повторно го опустоши Лозово. По ветрот и градот, сега дождот  го уништи и она малку што земјоделците успеаја да го спасат претходните денови. Најкритично беше во селата Ѓуземелци и Милино. Цела ноќ месното население се бореше со надојдената вода. Штетите се огромни, тешко дека ќе можат да се надокнадат се жалат земјоделците.

Катастрофа. Беше многу лошо.Едвај се спасивме од водата . Ми влезе во двор, цела ноќ се боревме со водата„- вели Борче Петров од Милино

Имаме големи штети! Бавчи поплавени, сега и да сакаме да работиме нешто, не можеме  се е во кал. Вчера имаше и багер, ја чистеше калта, вели Славе Трајковски, земјоделец од Ѓуземелци.

До доцна во ноќта со механизација  се расчистуваа наносите од кал што го блокира локалниот пат меѓу Милино и Ѓуземелци. Брзата интервенција на надлежните спаси и човек , на кој му било неопходна медицинска помош. Направени се надчовечки напори и еден дел од патот веднаш бил приспособен , така што со Брза помош болниот успеале да го транспортират до блиската болница, објаснува градоначалникот на Лозово , кој денеска повторно правеше обиколка на регионот погоден од невремето.

„Оштетени се лозови насади , тутун, а како што може да видите ова е нов лозов насад и е уништен во целост. Она што можевме да го направеме како локална самоуправа е да го исчистиме патот од кал и песок„-изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

Денеска водата во Лозово не е за пиење, а од општината ќе побараат  со цистерни  да се доставува до местното население

Поради мешање на водите дојде до заматување на водата во Лозово. Таа не смее да се користи. СЕ надеваме дека од утре состојбата ќе се стабилизира„-изјави Јордан Илиевски, директор на ЈКПД„ Лозово

Во рок од осум дена ова е трето невреме што го зафати Лозово. Уништени се неколку кровни конструкции, пластеници, соларни панели, автомобили и многу земјоделски посеви. Од денеска граѓаните може да пријавуваат штети од невремето што се случи викендов

Александра Ристевска

Advertisements