Лозарите не ја исклучуваат можноста во септември да излезат на протести и да блокираат патишта

Ниските откупни цени, болестите кои се појавија годинава, климатските промени, недостигот на работна сила, задоцнетата национална стратегија за развој на лозарството, го десеткуваа производството на грозје во земјава, тврдат лозарите. Ако пред повеќе од една декада се произведуваше 185 милиони килограми, годинешниот род го проценуваат на помалку од една четвртина.Потврдуваат дека државата издвојува средства за лозарството, но сепак, велат со децении отворените прашања не се решени, проблемите се таложат, поради неисплатливост младите заминуваат во странство и ги напуштаа лозвите насади. Бараат да се одреди производствена цена на грозјето, промени во исплата на субвенции, учество на лозарите во потсекторските групи во Министерството за земјоделство. Во спротивно за да се слушне нивниот глас не ја исклучуваат можноста од протести и блокади.

Министерот за земјоделство Николовски, пак, деновиве при посета на една винарија, рече дека Македонија низ годините наназад го одржува производството и површините со лозови насади и го зголемува извозот на вино. Девизниот прилив лани бил 60 милини евра, а пак од друга страна, за 6 години кон лозарите и винариите се исплатени 90 милони евра по разни основи. Николовски ја најави новата десетгодишна стратегија за развој на овој сектор и нов Закон за вино, кој, како што рече, е целосно усогласен со директивите на ЕУ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста