Лога и денеска го искара Судскиот совет-Комисијата на правда констатирала глупости во неколку судови

Жешка есен за членовите на највисокото тело во правосудниот систем. Не само оценувачката мисија на Европската Унија туку и министерот за правда Кренар Лога им дише во врат на членовите на Судскиот совет кои треба да понесат одговорност за непостапување во клучни предмети. Тој веќе најави, сите нерегуларности на советот, ќе бидат јавно објавени. Доколку комисијата формирана од Министерството утврди злоупотреби има ингеренции да побара и кривична одговорност за членовите.

-Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС

– Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност

-Недоволен број на информатичари во судовите

-Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми

-Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели

-Тонското снимање главно не функционира, пишува министерот Лога на својот Фејсбук прилог

Од Министерството за правда го чекаат извештајот на Оценувачката комисија на ЕУ која во септември по вторпат ќе влезе во Судскиот совет. Она што е извесно е дека по извештајот, членовите на советот ќе мора да понесат одговорност, дознава Алфа од неофицијални извори во Министерството за правда.

Од наредната недела Лога ќе ги објавува сите предмети за кои членовите спијат или постапуваат само формално. Комисијата од правда за проверки на АКМИС системот веќе утврдила нерегуларности со управување на Акмис системот во четири судови во Македонија.

Во Берово, Крушево, Кратово и Куманово, според министерот Лога и извештаите на комисијата, се изземале судии од Акмис системот, не се архивирале предмети и се чувале во подрум, судовите немаат доволно судии ниту пак информатичари кои се клучни системот за распоредување на предмети.

Во меѓувреме Судскиот совет не постапува за пријавите против претседателот на Управен, Бурим Сејдини за рачно местење на предмети. Пред два месеци, советот ја одложи седницата за постапувањето против него, дури за септември иако тој се упште е актуелен претседател и може да влијае врз докази.

Низа скандали го тресаа судскиот совет, а меѓународниот фактор впери прст во членовите и нивното постапување, Министерот Лога ги нарекува нелегитимни и бара нивно распуштање, а европската унија допрва ќе ја има комплетната слика преку извештајот на оценувачката комисија која ја чешла работата на советот.

Паула Костадиноска

Advertisements

Поврзани вести