Лицата со попреченост го убедија министерот, Сали вети дека ќе исполни дел од нивните барања

Министерот за здравство попушти под притисокот. Прифати да оствари дел од барања на лицата со попреченост, кои со години беа заборавени и неприфатени во институциите. После една година ветувања од надлежните, двете страни се договорија помагалата кои што ги користат за нивната попреченост да бидат на товар на фондот, овде спаѓаат белото стапче, мерачот за шеќер, мерачите за притисок и топломер за деца и возрасни.

Од сега натаму во соработка со министерството за здравство и министерот, преку неговиот тим ќе направиме програма каде што ќе биде програмата на министерството. Во првите две години за да можат овие лица да ги користат овие права кои што досега не можеа да ги користат. Ќе иницираме во соработка со министерството да се создаде регистарот за лица со попреченост. Министерството за здравство е тоа што тој регистар ќе го создаде, изјави Суаред Алишан – Коалиција Менуваме

Но ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат овие луѓе. Тие бараат да се покачи за 35% додаток за попреченост кој сега изнесува 7.100 денари, за да се изедначи согласно просечната нето плата. Исто е и барањето за посебниот детски додаток кој сега изнесува 5.100 денари. Бараат и симнување на границата од 26 на 18 години. За се ова сакаат да разговараат со министерката за труд и социјална политика, која упорно одбива да ги прими.

Инаку другите барања се до министерството за труд и социјална политика, во однос дека ќе се исполнат нашите права во однос на асистентите, во однос на 15% како што не лажат. Вие самите сте сведоци и можете да го видите ребалансот на буџетот, ние во тој ребаланс на буџетот не сме предвидени. Покачување на додатоците на лицата со попреченост за тие 15%, ќе ги дадеме во 2022, кога? Министерката исто така не може да ги поделува сега ќе добијат децата со посебни потреби а после возрасните. Сите имаат исти потреби кои се големи. Министерката е веќе време да седне со нас, да го решиме овој проблем бидејки навистина е горчлив, изјави Суаред Алишан – Коалиција Менуваме

Најавија дека за сите проблеми деновиве ќе испратат писмо и жалба до Европската унија. Македонија ја има ратификувано конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, што ја задолжува да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

Бојана Златкова

Поврзани вести