Листа на неколку работи за кои лекарите се целосно несогласни (Видео)

„Дијагнозата најчесто се заснова на тоа кои симптоми лекарот може да ги спои, одосно поврзе меѓусебно“, вели стручњакот за здравје Кејлеб Беки.

Поради тоа се случува докторите да даваат различни совети на пациентитем во зависност од тоа кои симптоми се дадени на располагање со цел да се вклопат во сложувалката, додава тој.

Меѓутоа, не е во прашање само дијагнозата- лекарите не можат да се усогласат и за многу други работи поврзани со здравкете еве дел од нив:

Препишување антибиотици

Веќе со години слушаме како ширум светот антибиотиците се користат повеќе и од што е потребно и дека поради тоа им се заканува опасност од појава на бактерија која ќе се храни со антибиотиците.

„Поради тоа се препорачува да се избегнува конзумирање на антибиотици за мали настинки“, советува фармацефтот Џејсон Рид. Она што не е добро е тоа што матичните лекари им препишуваат антибиотици на своите пациенти и тогаш кога нема потреба од нив, заклучува тој.

А, еве како функционираат антибиотиците и бактерите:

Снижување на холестеролот

 Др.Рид вели дека некои лекари препишуваат лекови за намалување на холестеролот и тогаш кога нема потреба.

„Што значи ако пациентот има покачено ниво на LDL, а истовремено нема никакви фактори кои ке предизвикаат срцеви болести, давањето на лек и не е баш добра опција“, тврди тој.

Операција на крајниците

Кога станува збор за операција на крајници кај возрасни луѓе, лекарите не се согласни во целост.

„Постојат повеќе ставови на оваа тема кај лекарите. Имено, бројот на операции од овој тип е драстично намален поради стравот од можна инфекција при ваков зафат. Во вакви случаеви лекарите не се согласни и сигурни дали операцијата е ризик или не“, вели тој.

Одење и трчање без обувки

Не сите несогласувања се однесуваат на серизни здравствени заболувања и зафати, некогаш тие се однесуваат и на секојдневните активности.

„Една од темите поврзани за стапалата се дали одењето, трчањето или вежбањето без обувки се добри за стапалата“, истакнува  педијатарот Велимир Петров.

„Некои сметаат дека тоа е природно и дека помага во постигнување оптимални резултати. Други сметаат дека стапалата имаат потреба од подршка и заштита, особено кога станува збор за активностите како што е трчањето“, објаснува тој.

Лечење грип

„Некои лекари сметаат дека лекарствата со кои се лечи грип не се потребни и дека треба да се остави простор човековото тело да се избори само“, велат неколку лекари.

Сепак, грипот во последно време зема замав и станува сериозно опасна болест, истакнува др.Нешајват, така да лечењето паралелно со тоа е многу важно, а со тоа се наметнува и потребата од земање лекови.

Конзумирање витамини

Во однос на потребата од витамини лекарите се со различни ставови, некои на нив гледаат како на нешто премногу важно, додека други сметаат дека земањето витамини е сосем непотребно доколку се користи здрава храна.