Линколн победи на избори во САД

Жителите на малиот американски град Фер Хеjвeн во државата Вермонт избраа коза за свој почесен градоначалник.

Тригодишната коза се вика Линколн, а во изборот за почесната функција беше заедно со 15 кандидати меѓу кои многу кучиња и мачки. Сопственик на козата е наставник по математика, а мандатот во градчето со 2.500 жители и почнува во вторник и ќе трае една година.

За Линколн гласаа 13 луѓе од вкупно 53 кои излегоа на гласање. На второто место заврши кучето Семи со 10 освоени гласови.

Фер Хејвен нема вистински градоначалник и го предводи општински управник. На таа функција сега е Џозеф Гантер кој чул за град во Мичиген во кој куче било одбрано за почесен градоначалник, па мислел дека ќе е интересно истото да го организира и во својот град.

Линколн, новиот градоначалник на Фер Хејвен

Право на учество во изборот имале сите сопственици на миленичиња кои ќе уплатат 5 долари, а сите собрани пари ќе се донираат во изградба на детско игралиште во малиот град. Козата-градоначалник ќе учествува на бројни настани во градот за време на својот мандат.

Линколн немаше коментар за јавноста по изборот за градоначалник.