Лејди Гага за „врската“ со Бредли Купер: „Социјалните медиуми се тоалетот на интернетот“

„Уметници сме, завршивме добра работа. Ве измамивме!“ – вака Лејди Гага ги искоментира гласините на создавачите на афери дека таа и актерот Бредли Купер со кого глумат во филмот „A Star is Born“ се во врска.

Суперѕвездата беше гостинка во шоуто на Џими Кимел и на прашањето дали има „посебна хемија и романтична врска“ меѓу неа и актерот како што се пишува на социјалните медиуми, Лејди Гага смеејќи се ги нарече социјалните медиуми „тоалетот на интернетот“.

„Филмот е љубовна приказна. Песната е за љубов. Тоа сакавме да го видите“, вели Гага додавајќи дека Купер, кој е режисер и на филмот и на спотот за песната „Shallow“ која доби Оскар за најдобра песна на овогодинешните филмски награди на Американската филмска академија.

„Се што видовте на сцената на Оскарите беше идеја на Бредли. Имаше визија како се треба да изгледа и знаеше што е најдобро за нашата заедничка изведба. Кога пееш љубовна песна, сакаш луѓето да го почувствуваат точно тоа. Работевме напорно и успеавме“, рече пејачката и актерка во шоуто на Кимел.