Летово во Тетово беше весело со многу свадби, но и премногу пукање

Летово во Тетово беше весело со многу свадби, но и премногу пукање.   Во овие три месеци истрели по свадби, само еден човек е приведен и осомничен и тоа пред три дена, на 18 август во планинското село Седларево. Приведен е 60-годишник од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир. За другите инциденти во текот на летните месеци истрагата се уште е во тек.

За среќа без изгубени човечки животи поминаа големиот број свадби летово во Тетово на кои имаше многу пукање од огнено оружје. Сепак претераното користење на оружје доведе до последици- повредени луѓе, паднати залутани куршуми на возила, во соби во дворови и слично.

Најтешко поминаа најглавните на свадбите, младоженците-дел од нив разочарани од тоа што им била уништена свадбата поради таквото несоодветно однесување. Дел од граѓаните имаат разбирање- велат пукањето се должни на традицијата од минатото, но се согласни дека тоа е вознемирувачко во секојдневието на останатите жители.

Во полицијата велат дека уште пред летото се обиделе превентино да делуваат, предупредувајќи го населението од опасносите да се користи оружје и законските последици.

„Беа организирани 9 регионални средби на ткн. советодавни групи со месни и урбани заедници како и серија состаноци со вкупно 50 угостители“ изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Иако има голем број пријави, засега полицијата не осомничила никого.

„Минатиот и овој месец на подрачјето на СВР Тетово пријавени се неколку случаи на пукање од огнено оружје и приредување на огномети чие расветлување односно расчистување е во тек“ – додава Јосифоски.

Иако на хартија казните се високи, тоа како да не ги спречи луѓето да пукаат. Предвидени се казни од 200 до 500 евра, како и затвор од една до пет години ако има потешки последици.

Александар Самарџиев