Летен фестивал на книгата во „Три“ – „Читај каде и да одиш“

„Читај каде и да одиш“ е мотото на годинашното издание на Летниот фестивал на книгата кој Издавачкиот центар „Три“ го организира секоја година во своите книжарници. „Три“ најавува многу нови изданија, попусти, промоции, акции и наградни игри преку своите фејсбук и инстаграм профили.

-Љубителите на книгата ќе можат да уживаат во разновидната понуда од над 1 000 изданија на „Три“ и „Паблишер“, книги од сите жанрови – и за оние што летото го користат за уживање, и за оние за кои тоа е време за лична надградба и работа на себе. До крајот на летото книгите ќе бидат со специјални фестивалски попусти од 20 до 70 отсто. Покрај тоа, „Три“ издвои посебна понуда од 80 одлични наслови кои ќе бидат достапни во специјални акции, соопшти „Три“.

Промоциите и средбите со автори ќе почнат со гостување на данската авторка Јане Телер, која ќе допатува во Скопје да го промовира својот роман „Ништо“, во издание на „Паблишер“.