Лесен трик за да ја отстраните непријатната миризба на кромид

Готвењето најчесто претставува задоволство, но има моменти кога ви доаѓа преку глава- на пример во ситуации кога сечеме кромид. Покрај солзите кај кромидот ни смета и мирисот кој останува на рацете и откако ќе ги измиеме добро. Како да се ослободиме од тој мирис?

Решението е  лимон. Доволно е да ги покиснете рацете во сок од лимон. Рацете ќе ви мирисаат пријатно и свежо, бидејки состојките од лимон  го неутрализираат непријатниот мирис на кромидот.

Второ решение би било оцет да промешате со вода, откако ќе ја нанесете смесата на рацете измијте ги со млака вода.

Исто така може да направите смеса од кујнаска сол и вода, со која добро ќе ги истриете рацете. Освен што ќе ја неутрализирате миризбата, оваа смеса ќе послужи и како практичен пилинг за раце.