Ленче Ристоска пак не е избрана за виш обвинител, Ајро и Гоџоска си обезбедија место во скопското Вишо

Артан Ајро ќе се пресели од Организиран во Вишото обвинителство. Таму оди и Гоџоска, сестрата на ексминистерот Тупанчески, која досега беше обвинителка во ОЈО Скопје. Ленче Ристоска по втор пат извиси бидејќи Советот на јавни обвинители не и ја даде поддршката. За неа Советот на ЈО поведе и постапка пред Советот за етика, бидејќи ги оцени како извор на тргување со влијание. Освен нејзе, членовите не ги изгласаа ниту Љубомир Лапе, кој го отвори случајот „Феникс“ за Скопје 2014, и обвинителот Дарко Јакимовски. Извиси и поранешната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, која сакаше позиција во републичкото обвинителство, кај Љубомир Јовески.

Милица Гаврилова доби уште еден мандат, а тимот на Абази во Организиран криминал ќе се дополни со уште две обвинителки. За заменичката на Катица Јанева во СЈО, Елизабета Јосифовска не се најде место да гони органзиран криминал и корупција ама затоа ќе биде шефица на гостиварското обвинителство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста