Ленин Јовановски: „Слобода превоз“ не добила ниту денар, Арсовска треба да е загрижена за својата психичка состојба

До 8 ноември, се додека не почнаа протестите и блокадите, Град Скопје преку ЈСП до денар ги има исплатено приватните превозници. Ова за „360 степени“ го изјави градоначалничката Данела Арсовска која ја нема никаде во јавноста. Во телевизиско интервју рече дека вината за сообраќајната парализа од изминатите денови лежи кај „Слобода превоз“, зашто, како што рече, се се знае колку пари се исплатени, а инстуциите имаат начин да постапат и да се види која е вистината.

  • Јас на телевизија видов луѓе што изјавија дека по неколку месеци не им е исплаќано. Граѓаните треба да знаат дека Град Скопје има договор само со едно правно лице и нему континуирано му се исплаќа, а еве ги секојдневните исплати. Е сега како, колку и дали тоа правно лице исплаќало, ние не знаеме. До 8 ноември, додека не почнаа овие протести и блокади, ЈСП редовно си исплаќаше до „Слобода превоз“. Ние знаеме колку средства се исплатени и инстуциите си имаат начин да постапат и да се види која е вистината. Оној што ја направи целата збрка реши да се повлече, да се изолира и тоа доволно кажува. Ниту еден од овие луѓе кои велат дека сакаат чесно да си го заработат лебот нема да дозволиме да останат на улица. Но, некој да манипулира, да тера политика преку нив и да се обидува да го парализира градот, тоа нема да го дозволиме, особено не со закани и со уцени, порача Арсовска.

Арсовска рече дека сите приватни превозници се ставени во ситуација што не ја заслужуваат, и оцени дека тоа е политиканство – се злоупотребува правото на протест, но и се злоупотребуваат и луѓето. Се ќе дознаело, вели, наскоро.

  • За 30 дена сите ќе знаат кој лаже, кој излегува на прес-конференции и кажува невистини. Сметам дека на јавноста и сега и е јасно, но, знаете, за политиканство на некои луѓе никогаш нема да им биде доволно, вели градоначалничката.

Ништо од ова нее точно и граѓаните имаат право да ја знаат вистината, вели за Алфа Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

  • Таа, Данела Арсовска, и понатаму без срам и перде продолжува да ја лаже јавноста. Таа, тоа го прави на еден загрижувачки начин, и наместо цела јавност која треба да и верува, треба да биде загрижена за нејзината психичка состојба, бидејќи да изнесувате упорно едни лаги во јавноста и притоа да сте лаги, со тоа што сметате дека ќе обезбедите уште некој ден повеќе и кога ќе излегуваат документите не знам што ќе има да се објаснува. Повторно ќе повикам, соодветните институции да се вклучат и детално да ја испитаат ситуацијата, бидејќи ваквите лаги не можат понатаму да бидат толерирани, рече за Алфа, директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

Во меѓу време, приватните превозници продолжуваат да протестираат 24 часа на булеварот „Илинденска“ пред седиштето на Град Скопје. Возачите, пак, јадат, пијат и спијат во паркираните автобуси, а на звучник е пуштена градоначалничката со нејзините говори пред изборите.

  • Луѓе сме, да седнеме да најдеме решение“, вели меѓудругото градоначалничката која сега одбива средба со нив.

Инаку, градоначалничката во последното интервју повтори дека ќе ги исполнела ветувањата за бесплатен јавен превоз, ама „кога ќе се надминела кризата“. До тогаш граѓаните ќе го гледаат, но и ќе бидат дел од овој циркуз.

Борис Грујоски

Advertisements