НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лекарите со препораки до граѓаните како да се однесуваат при екстремно високи температури

Пеколни температури не очекуваат кон крајот на оваа недела. Топлотниот бран кој го зафати регионот доаѓа и во Македонија. Како што за Алфа рече д-р Бојан Трајковски, граѓаните треба да избегнуваат, колку што е можно, излегување од 10 до 17 часот, и да ги почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

  • Кога мора да се оди надвор, да се избегнува изложеност на сонце и да се одмара под сенка. Постојано да се пијат повеќе течности, посебно вода, како и безалкохолни пијалоци, додека да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци. воедно апелираат за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран, велат лекарите.

Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат физички активности, да не се спортува, и колку што може да се седи во климатизирани простории. Кога е најтопло, додаваат лекарите, највнимателни да се повозрасните граѓани, хронично болните, како и бремените жени. 

  • Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска, додаваат лекарите.

Од Управата за хидрометеоролошки работи веќе најавија дека не очекува топол бран со дневна температура од над 35 степени. Според синоптичарите, ниту од сабајле нема да е свежо како до сега, односно ќе биде над 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога температурата ќе надмине 40 степени. Соседството, конкретно Грција, веќе е зафатена со пеколни жештини. Тамошното Министерство за здравство веќе излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури.

Борис Грујоски