Лекарите излегоа на протест – бараат раст на платите и нивно усогласување со минималецот

Покачување на платите и нивно усогласување со минималецот бараат здравствените работници кои и покрај добиената плата, излегоа на мирен протест пред болниците. Тие ја искористија паузата за да ги кажат своите барања, а главното е да биде потпишан Колективен договор за порамнување на платите според последната корекција на минималецот од лани, како и за неисплатениот регрес.

Пораки за зголемување на платите беа упатени од секаде, меѓу кои и на протестот пред ГОБ „8 Септември”.

  • Да го изразиме незадоволството поради доцнењето на платата, бидејќи доцнеше платата. Продолжуваме со притисокот, незадоволни што се уште не е потпишан анексот за покачување на платите во здравствената дејност. Тоа е основата на протестот, да го свртиме вниманието на надлежните, информираше Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Здравствените работници бараат во иднина зголемување на платите и исплата без доцнење, како што беше случај со јануарската плата.

  • Согласно со европското законодавство, овој упад со нацрт законот за плати, во колективните договори, може да значи укинување или намалување, на правата работниците пропишани на согласно овие колективни договори. За година дена од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри, се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра, алармираат лекарите.

Синдикатот на Клинички од Владата побара состанок на кој би се договориле кои би биле следните чекори и како би се реализирале покачувањата, со оглед на најавеното зголемувањето на минималната плата од март.

Членовите од Синдикатот на Клиничкиот центар порачаа дека овој протест е израз на незадоволство оти за три години платите на здравствените работници биле покачени за само пет отсто.

  • За една година од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра. Еден искусен технички персонал со подолг стаж ќе зема поголема плата од медицинска сестра. Да не бидам погрешно разбрана, дефицитот не е само во здравствените работници туку и во другите профили, изјави Гордана Димеска од Синдикатот на Клинички центар.

Согласно податоците од Комората на лекари, 2.200 лекари во последните три години ја напуштиле државата, па така сопствената држава свесно си го брска сопственото население.

Русе Пецаноски од овој синдикат истакна дека протестот е израз на незадоволство поради тоа што за три години, платите биле покачени само пет проценти. Негодување, како што рече, имало и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа.

Освен во Скопје, истовремено, за време на паузите, лекарите протестираа и во други градови низ државата, револтирани од нефункционалниот здравствен систем.

Иако за утре беа закажани блокади на Скопје, поради доцнењето на јануарската плата, сепак тие, барем за сега се одложени, зашто парите се легнати на сметките на здравствените работници.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста