});

Лекарите во Шкотска сега можат да препишат прошетка во природа

– Лекарите во Шетланд сега можат да препишат прошетка во природа

– Се верува дека ова е прва ваква програма во Обединетото Кралство

– Здравствените придобивки од спојувањето со природата се бројни

Од 5 октомври, лекарите во Шетланд, Шкотска, имаат овластување да препишуваат природа на нивните пациенти. Се смета дека ова е прва програма од ваков вид во Обединетото Кралство, и е со цел да го намали крвниот притисок, анксиозноста и да ја зголеми среќата кај луѓето со дијабетес, ментална болест, стрес, срцеви заболувања и многу повеќе.

За програмата постои цела брошура од предлози за препишување природа, која е полна со забавни, шармантни, понекогаш навидум ексцентрични предлози: во февруари, можете да направите ветроказ од обрач и материјал „за да ја цените брзината на ветерот“, во март можете да направите уметност на плажа од природни материјали или да „позајмите куче и да го однесете на прошетка“, во април можете да го допрете морето и да направите „хотел за бубачки“, во мај можете да го „закопате лицето во тревата“, во јули можете да „изберете два различни видови трева и вистински да ги гледате“, во август можете да извлечете црв од земја без да копате или да користите вода, во септември можете да помогнете во чистењето на плажата и да подготвите оброк на отворено, во октомври можете да „цените облак“, во ноември можете да „разговарате со пони“, во декември „да ги нахраните птиците во вашата градина“ и да направите уште многу повеќе. Се по наредба од лекар.

Доказите за придобивките од природата за менталното и физичкото здравје се бројни. Ако дневно поминете 90 минути надвор во шумска област, ќе има намалување на активноста во делот од мозокот кој обично е поврзан со депресија. Поминувањето време во природата не само што го намалува крвниот притисок, анксиозноста и ја зголемува среќата, туку ја намалува агресијата, симптомите на АДХД, ја подобрува контролата на болката, имунолошкиот систем и, колку да резимираме, за здравствената корист од природата има работи кои се уште не ги знаеме и ги дознаваме секој ден.

Може да се замисли дека некој што ќе биде охрабрен од својот лекар да помине повеќе време во природа не само што ќе се чувствува подобро – туку можеби ќе размисли и локалниот живот пред да се сврти и да се врати дома. И додека луѓето повторно се поврзуваат со природата, тие ќе се поврзат со јазикот на природата, јазик кој честопати е специфичен за местоположбата и со себе носи свој мирен спомен, спомен кој е вреден да се потсетиш на него во време кога светот се соочува со развој, урбанизација и климатски промени.