Ни осуда, ни суштински коментар не даде владата во врска со најавеното отворање на втор бугарски клуб во Охрид; Леви: Ова е директна провокација, враќање на фашизмот

По информацијата дека бугарското здружение Цар Борис III на 7-ми октомври сред Охрид ќе отвора бугарски културен центар и тоа во пресрет на чествувањето на 11-ти октомври, ден на востанието на Македонија,Владата нити осудува нити детално одговара што конкретно ќе превземе и дали некој од државниот врв е поканет и ќе присуствува на отворањето на центарот.Наместо тоа, цитираат делови од Уставот.

” Во нашето законодавство слободата на здружување е уставно загарантирано право и се остварува преку основање на здруженија,фондации и др.субјекти “ велат од Влада.

Претседателот пак на здружението, Томе Блажески не се одважи да ни одговор, остана глув на повиците и пораките.Се обидовме да добиеме информација и од охридското јавно обвинителство кое требаше да го истражува регистрирањето на бугарското здружение цар Борис III, но и од таму молк.

Реакција стигна од евреската заедица на Македонија, не можеме велат да го глорифицираме Цар Борис III чие име е поврзано со прогонот и уништувањето на евреите за време на 2-та светска војна.Ние немаме ништо против да има културни центри во Бугарија и Македонија, но не со такви имиња.

  • „По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е дирекна провокација.Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот, не може фашизмот на голема врата на таков начин да се враќа во Македонија ,тоа е недозволиво.Ние ќе поднесеме и кривична пријава до обвинителство“ – рече Пепо Леви –Претсед.на еврејска заедница во Р.М.

Принципот на делување и агресивното ширење на ваквите клубови не носи ништо добро во односите помеѓу македониците и оние кои што се чувствуваат како бугари,напротив дополнително ги разладува односите и ставовите меѓу Македонија и Бугарија-вели охридскиот градоначалник Пецаков.

  • ” Да немаше ваков принцип на агресивна кампања, пропаганда,па дури и во некое друго време да се случуваше отварањето на клубовите, а не во датуми блиски по симболика на македонскиот народ кој се борел против бугарскиот фашистички окупатор, можеби би било сфатено поинаку.Вака во време кога се негира се’ македонско, се условува Македонија од страна на Бугарија за промена во изучувањето на историските учебници, локалитети, личности, настани итн.,секако дека не може ништо позитивно да донесе во меѓусебните односи, а отворањето на ваков клуб, блиску до датум кој симболизира почеток на борба на македонците против бугарскиот фашистички окупатор и именување на истиот клуб како Цар Борис III можеби би можело да се смета за провокација” – вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Инаку на фб страната на здружението стои дека на официјалното отворање набугарскиот културен центар, специјален гостин ќе бил извесен бизнисмен,д-р Милен Врабевски, со чија финансиска помош ја реализирале идејата. Во само 6 месеци ова е втор бугарски културен центар кој се отвора во Охрид.На социјалните мрежи може да се сретнат многу групи чија цел е да го шират бугарското влијание во Македонија, а од Владата  за ова молчат.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста