Леброн по 14 години за првпат нема да го „види“ плејофот

Лос Анџелес  Лејкерс загуби од Бруклин Нетс со 106:111 синоќа, а овој пораз ги лиши „езерџиите“ за шанса да играа во НБА плејофот.

На тимот од Л.А. не помогна ни привлекувањето на големата ѕвезда Леброн Џејмс ова лето.

Лејкерс е рангиран на 11-то место на Западната конференција со 31 победи и 41 пораз.

Тоа значи дека за прв пат по 14 години, „кралот“ нема да игра во НБА плејофот.