Лашкоска: Мислам дека власта има идеја да организира претседателски избори без Антикорупциска, тоа би било катастрофа

На темата „Борбата против корупцијата, поле за политичка афирмација или дисквалификација“ во Отворено на Алфа вечерва дебатираат пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека би било катастрофа доколку власта организира избори без Антикорупциска комисија.

-Ние законот никако не можеме никако да го донесеме за еден месец. Мислам дека власта има повторно идеја да ги организира претседателските избори без Антикорупциска комисија, што би било навистина катастрофа, изјави Лашкоска.

Таа кажа дека час поскоро власта треба да избере Антикорупциска комисија бидејќи Македонија оваа година е секојдневно сведок на скандали.

-За жал ние имаме склучување на договори во четири очи, без распишување на јавна набавка. Веќе година дена помина откако чешката влада даде донација од милион денари за набавка на нови возила, тие возила беа набавени од една кумановска фирма, која не е ниту застапник на возилата, туку била дилер на возила. Таа фирма испадна дека била донатор во кампањата на СДСМ, а договорот беше склучен во четири очи, изјави Лашкоска.

Лашкоска спомена и дека на власта за се што се случувало мината година ВМРО-ДПМНЕ и била крива, за сите можни скандали.

-Додека не се формира Антикорупциска комисија, ќе имаме секојдневно скандали на власта, нема да имаме ден да не се разбудиме, а да нема некој скандали, изјави Лашкоска.

Лашкоска кажа дека предложиле Национален совет за борба против корупцијата, кој ќе биде раководен од правобранител, за подобро справување со корупцијата.