Лазаров пред најтешкиот дел: Не’ очекуваат тврди и неизвесни натпревари

Капитенот на македонската ракометна репрезентација по победата над селекцијата на Бахреин изјави дека денешниот противник бил понезгоден од Јапонија.

Кире Лазаров смета дека ја теренот покажале позитивни вредности во играта, но и недозволиви падови кои го загрижуваат, но тој е задоволен од главната слика.

По овој натпревар, нашата репрезентација веќе утре ја очекува дуелот со Хрватска.

-Позитивни сме, ќе се спремиме. Исланд ме изненади, имаа квалитетен ракомет. Не’ очекуваат тврди и неизвесни натпревари. Ќе го дадеме максимумот против Хрватска, вели Лазаров.