Лажни дојави за бомби повторно испразнија четири училишта

Повторно лажни дојави за бомби ги испразнија скопските средни училишта. Првата смена во гимназиите „Јосип Броз – Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ беа евакуирани рано утрината, а антитерористичките екипи проверуваа, по што од МВР потврдија дека се работи за лажни дојави.

  • Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека четири училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“.

Ова е трета недела со закани за бомби во скопските средни училишта. Сите досегашни закани се утврди дека биле лажни. Децата со денови губат часови, а наредбата од министерството за образование пропуштената настава да се надомести до крајот на првото полугодие. Мотивот за екпертите е очигледен, да се предизивка страв и паника кај населението.

  • Може да стои и поедениец, а може да стои и група, група што има интерес. Може да стои странска служба, може да стои средношколец кој што нема што да прави. Може да стои неговата тетка, вујна, било кој, не е важно. Хибридната закана од безбедносен аспект, за нас е многу реална. Без разлика кој ја праќа и со која цел ја праќа. Мора безбедносните служби да одговорат соодветно, мора да проверат, мора да го евакуираат просторот, мора учениците, наставниците и сите други да бидат однесени на безбедно и да си течат редовните безбедносни процедури“ вели професорот Дујовски.

Тактиката на дојавувачите постојано се менува. Последните дојави вклучително и денешната се случија наутро, за разлика од претходно, кога дојавите пристигаа на пладне. Надлежните велат дека знаат од каде пристигаат и-меил пораките, но, засега сеуште без разрешница.

Advertisements