Лажниот лекар од Вевчани немал ни диплома, ни завршена медицина, ниту пак добил лиценца

Воопшто немал завршено медицински факултет лекарот од Вевчани кој последнава година и пол бил и раководител на службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом-информацијата за Алфа ја потврдија од Штипскиот факултет за медицински науки. 33 годишникот кој студирал на штипски, немал диплома, а не му било издадено никакво уверение.

„До нас не е пристигнато ниту едно барање од надлежен орган за проверка на документација. Но според она што ние го проверивме, последен пат тој бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент. Запишан бил 2008-2009 година. Факултетот нема издадено ниту диплома, ниту уверение за тој студент“ – велат од Универзитетот “Гоце Делчев ” -Штип.

Него го нема нити во регистарот на лекарската комора бидејќи како што вели претседателката на комората, доктор Калина Старделова, тој немал лиценца за работа, нити имал положено стручен испит.

Но извори за Алфа потврдуваат дека сомнителниот лекар во октомври 2016-та кога е примен на работа во службата за Итна медицинска помош приложил оргинални документи од диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца за работа,но никој не се посомневал во веродостоноста на истите, се’ до пред неколку дена кога во Здравствениот дом стигнал допис од Лекарката комота дека не постои лиценца за работа со таков број и под тоа име.  

Од откивањето на скандалот изминаа  8 дена органите на прогонот сеуште работат на случајот.

“ ОЈО Струга е известено за настанот,се вршат проверки и се обезбедува документацијата за да се проверат наводите “ – велат од ОЈО.

Лекарот кој има проблем со неговото формално образование кој 6 години работел во Здравтениот дом по откривање на скандалот бил времено суспендиран,а потоа сам побарал престанок на работниот однос.

Росица Голабоска

Advertisements

Поврзани вести