„Лажниот лекар“ од Вевчани – доказ за нефункционалноста на институциите

Не стивнуваат реакциите за скандалот кој го тресе Вевчанскиот здравствен дом каде 6 години млад лекар со спорна диплома ги лекувал вевчанци. Полицијата изврши претрес во оваа здравствена установа,сега се чекаат понатамошни насоки од јавното обвинителсто. Извори за Алфа говорат дека се проверуваат дипломите и на други млади лекари од вевчанскиот Здравствен дом. Во меѓувреме 33 годишниот лекар кој бил времено суспендиран,сам побарал престанок на работниот однос.

Воопшто не сум изнанаден,вели пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Иливески, ова се тешки институционални пропусти, а говорат дека инспекциските служби 6 години не стапнале во Здравствениот дом.

Треба да се провери внатре во самата организација како е примен.Шест години тој да работи на ваков начин, тоа е слабости, кои се случуваат во инспекциските служби.И тука треба да се види кој него го примил и како го примил на работа, врз основа на кои документации го примил.И на Штипскиот универзитет треба да се провери,во овој случај Државниот просветен инспекторат мора да појде, да види како е дипломиран, како е дадено тоа уверение.Лекарската комора исто треба да се искаже за ова, дали го имале во евиденција и кај лекарската комора. Значи тоа е еден сериозен фалсификат недопустлив – изјави Ѓорѓи Илиевски – просветен инспектор.

Во една нормална држава не смее да се случуваат вакви работи, луѓе со спорни дипломи да се учат и вежбаат на пациенти, играјќи си лекари.Постои ли правен систем во оваа држава,која е улогата на Лекарската комора? Каква е улогата на Деканатот на медицинскиот факутет- додава Илиевски.

Ова не само што е шокантно, ова е голем удар и за нашата држава што и се случува.Ако порано знаевме што се случува во Косово, во Албанија па дури и во Бугарија, сега ние сме на чело на ваквите криминални образовни дејанија на Балканот и пошироко – додава Илиевски.

Истата година 2016-та ,кога младиот вевчанец се запослил во вевчанскиот Здравствен дом, беше откиен скандал со студентката на медицина која 5 месеци работела како докторка во Итна медицинска помош.

Росица Голабоска

Advertisements

Поврзани вести